Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беќаровски вели ако сте консумирале од млекото Милкано нема потреба да се крева паника

Беќаровски вели ако сте консумирале од млекото Милкано нема потреба да се крева паника

Апсолутно е непотребно да се крева паника ако сте се напиле од млекото Милкано, кое беше повлечено од пазарот поради присуство на Афлатоксин, истакнува за „Слободен печат“, професор Нико Беќаровски, доктор по токсикологија. 

Toj вели дека за загрозување на здравјето треба да се внесат големи количества контаминирано млеко. Сепак, тој потенцира дека е добро што имаме лаборатории кои може да го детектираат овој токсин, а ја поздравува и молневитата реакција од трговците, кои веднаш ја повлекоа спорната пратка. Професор Беќаровски, вели дека на неговата клиника никој не побарал лекарска помош, меѓутоа добил повеќе телефонски повици од граѓани со дилема – дали се во опасност ако се напиле од спорното млеко и дали да го фрлат купеното пакување?

„Апсолутно е непотребна да се драматизира и да се трча по доктори“, вели тој. 

Агенцијата за храна и ветеринарство вчера ги информираше потрошувачите дека се отповикува небезбедениот производ УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2 отсто, поради присуство на афлатоксин М1 со сериски број/лот- LOT FD04. 

Апелираат до крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

Слично

Поврзани вести