Беќаровски: Скафандери носат здрави во контаминирана средина, а не спротивно
Универзитетскиот професор Нико Беќаровски вели дека скафандери носат здрави лица во контаминирана средина, а не контаминирани во здрава средина.
Ваквата реакција на докторот следува откако двајца пратеници на СДСМ денеска дојда заштитени во скафандери, иако позитивна на Ковид-19, за да гласаат во Собранието од кабината за изолација.
„Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина.
Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.
Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица“, напиша Беќаровски на Фејсбук.
Слично
