Беќаровски: Работната недела на автопатот Кичево - Охрид веројатно е 20 минути неделно, или се лажам?
Пролонгирањето на роковите за изградба на автопатот кон Охрид останува „рак рана“ на Македонците.
Поплаките дека патувањето кон Охрид стана уште подолго отколку пред да почне изградбата на автопатот зачестија, но во последниве месеци граѓаните се особено фрустрирани бидејќи имаат впечаток дека на автопатот ништо не се работи.
Последниот во низата незадоволни граѓани на земјава е и доктор Нико Беќаровски, кои пред неколку часа на својот Фејсбук профил запраша дали работната недела на овој „фамозен“ автопат е „рекордни“ 20 часа неделно.
- Работната недела на автопатот Кичево - Охрид веројатно е 20 минути неделно, или се лажам ??
За три месеци од моето последно доаѓање асфалтирани се "цели" нови 300 метри - напиша Беќаровски во објавата.

Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
