Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

Докторот Нико Беќаровски, му се обрати на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за проблемите со паркингот на скопските клиники но и со ѓубрето во клиничкиот центар.
„Профитот од паркингот во Клиничкиот кампус "Мајка Тереза" кој го остварува ЈП Градски Паркинг Скопје, надминува десетина илјади евра секој ден.

Услугата која ја добиваат корисниците (посетителите и вработените) е изгребани возила, паркирање кој каде ќе стигне ако воопшто стигне, ѓубре кое не е исчистено со години.

Градоначалникот на Скопје замоли да му помогнеме со укажување на сите депонии низ градот.

Почитуван Градоначалниче, еве една јавна депонија на само 500 од епицентарот на Скопје, депонија каде треба да биде "чисто како во аптека".

Р.Ѕ. за срушениот ѕид и кратерите на улица Белградска друг пат“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести