Беќаровски до родителите: Плативте 2 милиони евра за ПЦР, а не сакате бесплатни антигенски тестирања за децата
Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија ги повика родителите да го прифатат најавениот скрининг на Министерството за здравство со брзи антигенски тестови на децата во училиштата.
-Повеќе од 100.000 тестови за Sars-Cov-2 се направени на малолетници во Македонија за да патуваат во странство, а нивните родители за тоа платиле околу 2 милиони евра. Истите тие родители, сега не дозволуваат бесплатно нивни деца да бидат тестирани, за да имаат побезбедни училишни денови, напиша Беќаровски на Фејсбук.
Министерството за здравство информираше дека 8 178 ученици од 364 основни и 109 средни училишта ќе бидат опфатени со скринингот кој се планира да започне идната недела. Од оваа недела започна барањето согласност од родителите за тестирање на децата за Ковид-19, процес што ќе се спроведува низ државата. Активностите за превентивни тестирањасе преземаат со цел рано детектирање и превенција од ковид во училиштата. Скринингот ќе се спроведе со брзи антигенски тестови.
Слично
