БЕЌАРОВСКИ ДО НОВИНАРИТЕ: Упорно ја прогласувате средбата Ковачевски - Мицковски за лидерска, двајцата вкупно имаат подршката од 25 отсто од граѓаните
„ПОЧИТУВАНИ МАКЕДОНСКИ НОВИНАРИ,
ЛИДЕР (Leader) е англиски збор кој значи водач, човек кој е на чело од колоната.
За некој да биде водач треба да ја има довербата од луѓето кои ги води позади себе.
ВИЕ, упорно ја прогласувате средбата меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицковски за некаква си лидерска средба, иако според анкетите кои Вие ги објавувате, двајцата вкупно имаат подршката од максимум 25 проценти од нашите граѓани.
Со така "висок рејтинг" меѓу народот, таа средба може да биде само средба на двајцата претседатели на двете најголеми партии и ништо повеќе, или како што смета најголем дел од народот, средба на претседателите на двете партии кои ја уништија Македонија во овие 32 години“, напиша тој на Фејсбук.
Слично
