БЕЌАРОВСКИ ДО МУЦУНСКИ: Избран сте од граѓаните да бидете татко на Аеродром, ставете ја во мирување партиската функција
Доктор Нико Беќаровски со посебен пост на Фејсбук му се обрати на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, укажувајќи му дека раскопаните улици низ општината се голем терет за граѓаните.
Тој нагласува дека раскрсницата кај Воената академија во општината е хорор за граѓаните, особнео за оние кои живеат таму и мораат секојденовно да поминуваат по неа.
- Почитуван г-дине Тимчо Муцунски,
Уште колку месеци ќе треба да ги "кршиме и валкаме" колите по НЕАСФАЛТИРАНАТА раскрсница кај базенот во Општина Аеродром ???
Кој ќе ни ја плати оштетата за уништените амортизери и раштелуваните предници на автомобилите ???
Избран сте од граѓаните на Општината за да бидете татко на Аеродром. Ставете ја во мирување Вашата партиска функција и посветете се на решавањето на проблемите на Вашите сограѓани - напиша Беќаровски.
Неговиот пост предизвика лавина реакции од кои многумина истакнаа дека улицата долг период е раскопана, но имаше и такви кои укажаа каде на друго место има раскопани улици долг период...

Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
