Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беким Сали прими донација мамограф од бугарската министерка Генчовска

Беким Сали прими донација мамограф од бугарската министерка Генчовска

Беким Сали, министерот за здравство, денеска објави дека нов мобилен мамограф е поставен во Здравствениот дом Неготино, со поддршка на Владата на  Бугарија. 

„Заедно со амбасадорот г-дин Ангел Ангелов и министерката за надворешни работи на Бугарија г-ѓа Теодора Генчовска денеска учествувавме во приемот-испораката на овој апарат чија вредност е 140.000 евра. Со оваа дијагностичка процедура им приоѓаме на жените и во помалите населени места и се фокусираме на превентивниот дел, бидејќи раната дијагноза на ракот на дојка спасува животи. Приоритет на оваа мамографија е таа да биде мобилна и по потреба ќе биде достапна и за жените од другите помали населени места“ објави Сали.

Министерот наведе дека се превземаат мерки за намалување на времето на чекање за преглед и прекувремена работа за мамографи и ехо на дојка. 

„Истовремено, заедно со лекарите, здравствените установи и невладиниот сектор, ќе продолжиме со систематски решенија за пристап до нова иновативна терапија, која би можела да спаси животи на многу пациенти“, додаде Сали.

Слично

Поврзани вести