Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беким Сали: Лично бев заинтересиран да престанемe со објавувањето на ковид-бројките

Беким Сали: Лично бев заинтересиран да престанемe со објавувањето на ковид-бројките

Министерот за здравство Беким Сали во емисијата Студио 10 на ТВ24 рече дека лично бил заинтересиран за можноста да престане објавувањето на бројките за новозаболени и починати од Ковид-19.

- Јас лично бев заинтересиран да го прекинеме тие постирања. Во тој контекст имавме лошо искуство, имавме изолација дона, во денови наместо да се движиме слободно ние седевме дома, но во име на транспарентност и на коректоност кон јавноста објавувањето продолжува. Се уште пандемијата не е завршена, иако постои меѓу нас такво мислење. Ние ги укинавме сите мерки, но се додека не кажеме дека пандемијата веќе не постои, ќе мораме да ги објавуваме тие бројки. Никогаш не се знае, се најавува петтиот бран, иако нема гаранции дека ќе се појави, и затоа треба да имаме континуитет во известување, рече министерот во студиото.

Тој додаде дека периодот додека пандемијата е во мирување се инсталир5а потребната апаратура за пост-ковид компликации и за навремена дијагностика.

- Ковид остава траги во организмот и ние како министерство треба да сме подготвени со соочувањето со таквите проблеми, изјави Сали.

Што се однесува до идната изградба на Клиничкиот центар, како оппција се три локации - Веле Поле, просторот кај касарната Илинден или пак да се реновира актуелниот комплекс со додавање на нови објекти.

- Со цел да нема прекин во градбата, на неколку наврати побарав состаноци со сите партии да имаме разбираме со овој надполитички проект. Оптимист сум дека првата лопата ќе ја фрлам па проектот ќе продолжи да се реализира бидејќи имаме начелна усогласеност за еден таков капитален проект., истакна Сали.

Слично

Поврзани вести