Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беким Незири не доби притвор, судијата сметал дека не треба

Беким Незири не доби притвор, судијата сметал дека не треба

Беким Незири од ДУИ не доби притвор од судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, иако се сметаше за предводник на упадот во Објектот на  македонските навигации каде физички беа нападнати контролори во четвртокот.

Вакавата одлука била донесена иако Јавниот обвинител упати предлог за определување мерка притвор против поранешниот министер кој е сега вработен во М-НАВ.

Предлог беше поднесен за уште три лица кои во петокот вечерта беа спроведни во судот, кој пак донесе решенија со кои на сите четири лица им се опредлуваат само мерки за претпазливост.

Тие се сомничени за кривичното дело „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ,  кривично дело кое се казнува со најмалку 5 години затвор.

Синоќа по полноќ е одлучено тие само да ги предадат пасошите, да не комуницираат меѓусебно, да не го напуштаат живеалиштето и да се пријавуваат редовно во судот дека се тука.

Осомничените доцна синоќа пред Кривичен суд Скопје беа донесени со шест возила.


Слично

Поврзани вести