Беким Максути: Во 2014 не можев да станам заменик-министер исто како Ковачки
Актуелниот заменик-министер за одбрана Беким Максути вели дека во времети на претходната власт морал да чека три години како цивилно лице за да ја превземе оваа функција. Поради тоа, за „360 степени“ кво 2011 година ја напуштил активната армиска служба за да може подоцна да стане дел од Владата.
Ова Максути го вели во контекст на одлуката на СДСм да не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи во Драган Ковачки, бидејќи како што велат од владеачката коалиција, тоа било противуставно бидејќи лицето во моментов не е цивил, а барем три години тоа треба да биде така.
„Во 2014 година јас бев предлог на ДУИ за заменик-министер за одбрана. Но, не поминав како решение зашто тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ се повика на член 97 од Уставот и барањето за минимум три години цивилна служба пред именување на раководна позиција во државната управа во полицијата или одбраната“,вели Максути за 360 Степени
Во 2016 година на предлог на техничкиот премиер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, Беким Максути е избран за заменик-министер за одбрана откако го задоволил критериумот барем три години да биде цивилно лице.
Максути ја презема должноста во ресорот одбрана од Илми Селами на 5 април 2016, а истата функција ја обавува и во актуелната власт.
