Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беким Хаџиу за БНТ: Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас

Беким Хаџиу за БНТ: Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас

Сопственикот на туристичката агенција Беса транс, Беким Хаџиу, за БНТ говореше за несреќата која се случи минатата недела во Бугарија, а во која загинаа 45 луѓе. 

Хаџиу вели дека автобусот бил на технички преглед пред патувањето во Турција и дека бил целосно исправен. Тој ја исклучува можноста некои од патниците да внеле лесно запаливи материи. Потврдува дека тој и неговото семејство биле дел од патувањето и дека патувале со другите автобуси.

„Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот. Многупати го помислив тоа“, вели Хаџиу за БНТ.

Сопственикот на агенцијата вели дека досега не зборувал за медиумите поради тоа што бил во шок, но и дека во меѓувреме соработува со истражните органи за да се откријат причините за несреќата. Вели дека не се чувствува загрозен од никого. 

Слично

Поврзани вести