Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕКИМ ХАЏИУ, СОПСТВЕНКОТ НА БЕСА - си велев зошто не сум во тој автобус, и јас да умрам таму

БЕКИМ ХАЏИУ, СОПСТВЕНКОТ НА БЕСА - си велев зошто не сум во тој автобус, и јас да умрам таму

Сопственикот на агенцијата „Беса транс“ Беким Хаџиу, во ексклузивно интервју за Бугарската национална телевизија, објаснува дека автобусот поминал на технички преглед пред да замине од Турција и се било во ред. Ја исклучува можноста некој од патниците да има увезено запаливи материи. Хаџиу потврди дека и тој и неговото семејство биле дел од патувањето, но патувале во друг автобус. Неговите деца биле во последниот автобус.

Беким Хаџиу рече дека досега не зборувал за медиумите бидејќи е шокиран од тоа што се случило, но на секој начин соработува со истражителите за да се утврдат причините за инцидентот во кој загинаа 45 лица.

Според него, автобусот бил произведен во 2007 година, но бил купен од неговата компанија пред околу три години. Тој вели дека досега немало технички проблем со возилото.

На Беким Хаџиу се уште му е тешко да ја прифати трагедијата на автопатот Струма, во која загинаа 45 лица кои патуваа во еден од неговите автобуси.

-„Си велев зошто не сум во овој автобус, да умрам во автобус и тоа си го кажав многу пати“, вели Беким Хаџиу, сопственик на Беса Транс.

Слично

Поврзани вести