Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бејта на Таравари му оставил испразнета општинска каса?

Бејта на Таравари му оставил испразнета општинска каса?

Поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, откако изгуби на локалните избори и се поздрави со општинските службеници, ја испразни општинската каса, не оставајќи средства за плати на вработените, информираа денеска од Општина Гостивар.

„Три дена после вториот изборен круг, на 30, 31 октомври и 1 ноември, Општина Гостивар, по наредба на поранешниот градоначалник Невзат Бејта, изврши трансакции со вкупна вредност од 6.774.276,00 денари, односно околу 111.053 евра. Со овие средства, чиј износ е доволен за исплата на плати на вработените во општината и за тековните расходи, Бејта главно им се раздолжил на фирми блиски со него кои ја финансирале неговата скапа предизборна кампања“ - наведуваат во соопштението. 

Оттаму истакнуваат дека Бејта ја оставил Општина Гостивар потоната во над 100 милиони денари долг (околу 1.639.344 евра), а дека ревизијата ќе ја покаже точната бројка.

Слично

Поврзани вести