Бејта: И да има нови избори никој нема да коалицира со анти-албанска партија
Груевски треба да го слуша меѓународниот фактор и да ја почитува демократијата, изјави потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта, во емисијата „10 Минути“. Според него дури и да се одржат нови избори, нема албанска партија која би влегла во коалиција со една анти – албанска структура, како што е ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку се оди на нови избори, ВМРО-ДПМНЕ може да има уште послаби резултати. Поради фактот дека за тоа одлучува мнозинството на пратениците. Јас не верувам дека некоја албанска политичка партија би го сменила ставот после таквиот речник на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Невзат Бејта, потпретседател на ДУИ.
За можноста министрите на ДУИ да ја напуштат Владата, Бејта додаде дека тоа не би имало позитивен ефект врз политичката криза.
Извор: tv21.mk
