Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бејли: Следната влада да ги острани институционалните недостатоци во ДИК

Бејли: Следната влада да ги острани институционалните недостатоци во ДИК

Американскиот амбасадор Џес Бејли најпрво ги поздрави македонските граѓани за одржаните демократски избори кои поминале во мирна атмосфера, со помали недостатоци и изборни нарушувања. Бејли посочи дека без оглед кој ќе ја формира новата влада ќе мора блиску да соработува со опозицијата со цел полесно да се донесат реформите кои се неопходни. 

Исто така американскиот амбасадор посочи дека ќе мора да се надминат институционалните недостатоци во ДИК во поглед на регистрација на гласачите и процедуралните аспекти на организација на изборите, како и подобрување на капацитетите на изборната комисија. 

Прашан од новинарите дали одредени нерегуларности кои сега се откриваат може да влијаат на исходот на изборите со оглед на тесната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Бејли одговори дека тој како и секој граѓанин ќе чека на официјалните резултати од ДИК и дека за сите приговори и забелешки ќе мора да се почитуваат законските процедури. 


Слично

Поврзани вести