Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бејли: Потребно е поддршката од 75 отсто за влез во ЕУ и НАТО да се преточи во политичка волја

Бејли: Потребно е поддршката од 75 отсто за влез во ЕУ и НАТО да се преточи во политичка волја

Американскиот амбасадор, Џес Бејли денеска изјави дека САД и Европа и помогнале на Македонија да излезе од длабока политичка криза. 

Додаде дека за Македонија докрај да ги истурка реформите потребно е поддршката од 75 отсто за влез во ЕУ и НАТО да се преточи во политичка волја.

„Граѓаните треба да бараат отчетност, транспаретност и информирање од страна на институциите. Тоа значи дека граѓаните треба да одбијат да го свртат погледот на другата страна кога ќе се соочат со прекршување на законите или со корупција, а тоа значи дека не треба да се прифаќаат работите онакви какви што се особено доколку сте соочени со непотизам и лични појави“- рече Бејли.

Бејли потенцира дека владеењето на правото е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Македонија,. Порача дека судовите треба да внимаваат на транспарентноста. Тој го наведе и случајот кога јавен обвинител учествувал во донесување одлука што се однесувала на член на семејството на друг член на Советот на обвинители, што според него, се чини дека станува збор за конфликт на интереси.

Слично

Поврзани вести