Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бејли: Ние и ЕУ рековме дека одговорните за 27 април треба да сносат одговорност

Бејли: Ние и ЕУ рековме дека одговорните за 27 април треба да сносат одговорност

Амбасадорот на САД во Maкедонија, Џес Бејли вели дека масовните апсења се значаен настан и додаде дека е потребно да има одговорност.

„Полицијата и Обвинителството треба да бидат транспарентни во процесот околу овие настани. Секако ние и Европската Унија рековме дека одговорните за настаните на 27 април треба да сносат одговорност, но истовремено процесот треба да ја почитува презумпцијата на невиност. И Собранието има важна улога во сите овие случувања“ –изјави Бејли. 

Амбасадата на Велика Британија препорачува крвавите настани во Собранието да добијат судска разврска, а институциите треба да ги почитуваат истражните постапки.

„Важно е да се почитуваат институционалните постапки и законските правила со максимална транспарентност за целиот процес за казнување на настаните од 27 април да биде јасен. Тоа треба да се направи преку судски процес каде ќе се разјаснат сите факти и информации околу овој настан“ – соопштуваат од Амбасадата на Велика Британија. 

Инаку, Бејли денеска се сретна со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Слично

Поврзани вести