Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бејли на тура средби со политичките лидери, на ред дојде и Ахмети

Бејли на тура средби со политичките лидери, на ред дојде и Ахмети

Американскиот амбасадор Џес Бејли по средбите со Никола Груевски која привлече најголеми контроверзии и по кратката средба со Зоран Заев како претставник на опозицијата, денеска се сретна и со Али Ахмети, претседателот на ДУИ, моментално најголемата албанска партија по бројот на освоени мандати на предвремените избори. 

– Ахмети ја истакна важноста на склучувањето на Рамковниот договор, но и јазична и економска еднаквост, реформи и владеење на правото како и евроатлантската интеграција, соопшти ДУИ.

Ахмети исто така нагласил дека ДУИ е посветена на одржување на стабилноста и стратешката определба на земјата за партнерство со Брисел и Вашингтон.

Соговорниците се согласиле да го продолжат дијалогот во наредните денови. Повеќе детали за политичките пораки од средбата Бејли-Ахмети не се соопштени, освен дека ДУИ и понатаму се посветени на одржување на блиските односи со САД од стратешкото партнерство. 


Слично

Поврзани вести