Бејли ќе замине, Ахмети му порача дека секогаш е добредојден во неговиот дом
Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, организираше проштален ручек за американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, кој заминува од должност во почетокот на март.
Ахмети истакна дека кога и да се врати за да ја посети Македонија, Бејли ќе најде конак во неговиот дом и неговото семејство.
Тие разменија мислења околу ДУИ и за перспективите во наредните две децении, членството во НАТО и ЕУ, реформите, претседателските избори, како и за дијалогот помеѓу Косово и Србија.
Ахмети и Бејли направија ретроспектива на четиригодишната соработка и на постигнувањата на земјата во овој период.
Ахмети изрази благодарност до Бејли и неговата подржувачка улога за излез од кризата и чекорењето кон евроатлантската интеграција.
Во овој период се затвори спорот со Грција и Бугарија, се постигна јазичната еднаквост, де факто сме членка на НАТО и очекуваме во јули да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Но, останува да се направат уште многу работи, како реформата на органите за безбедност, администрацијата и владеењето на правото.
