Бејли: Ќе им оставам на двете земји да изнајдат заедничко прифатливо решение, кое граѓаните го чекаат
Aмбасaдорот на САД, Џејс Бејли вели дека САД веќе долго време им даваат поддршка на Република Грција и Република Македонија во однос на решавање на спорот со името.
„Продолжуваат преговорите меѓу двете земји со помош на ОН. Со оглед на специфичноста јас ќе им оставам на двете земји да изнајдат заедничко прифатливо решение, кое граѓаните го чекаат долго време“- рече Бејли.
Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, пак, претходно изјави дека САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Слично
