Бејли и Димитров се пошегуваа за големината на лубениците
Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли на социјалната мрежа Твитер објави дека на денешната средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров разговарале за големината на лубениците.
„И лубеницата беше волку голема!“ Ти благодарам Никола Димитров. Гастро дипломатија“- напиша Бејли.
Бејли направи ретвит на постот на македонскиот МНР од пред два дена, кога Димитров се пошегува на своја фотографија со амбасадорот од конференцијата „Македонија во НАТО“.
„Не разговараме за вкусните македонски кралски домати“- напиша тогаш министерот.

Слично
