Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бејли: Членовите на ДИК по локалните избори се почестиле со бонуси

Бејли: Членовите на ДИК по локалните избори се почестиле со бонуси

Членовите на Државната изборна комисија по локалните избори се почестиле со бонуси во износ од четири месечни плати. За нивната работа на предвремените парламентарни во декември минатата година пак си поделиле бонуси во висина од 5 месечни примања.

Oваа информација ја објави американскиот амбасадор, Џес Бејли, кој имаше предавање за борбата против корупцијата на Факултетот за безбедност во Скопје.

„Гласовите во Комисијата биле едногласни, без разлика на партија или етничка припадност. И персоналот вработен во Комисијата добил помали бонуси. Но, гласањето се одржало зад затворени врати, надвор од очите на јавноста. А за агенција со многу потреби што говори тоа за лидерските приоритети?“- вели Бејли.

Бејли постави прашање зошто луѓето да го премолчуваат ова. Тој посочи и кон таканаречените „свиркачи“, но и кон истражувачкото новинарство, затоа што во јавноста не била доволно запознаена со овие случувања.

Слично

Поврзани вести