Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бегството на Груевски ја ниша фотелјата на Мицкоски

Бегството на Груевски ја ниша фотелјата на Мицкоски

Опозициската партија ВМРО- ДПМНЕ остана без својот почесен престседател Никола Груевски. Неговото заминување во Унгарија предизвика лавина реакции и во партијата кој тој долги години ја раководеше. Изјавите на лидерот  Христијан Мицкоски, но и на неговите соработници, оставија впечаток во јавноста дека постои голема разочараност и гнев од неговата одлука да бара азил во  Будимпешта. 

Познавачите на состојбите велат дека Грувски замина во моменти кога партијата го минува најтешкиот период, разединета, со повеќе фракции и демотивирана. Такво расположение имаше и претходно, но врв на емоциите беше моментот кога седум пратеници решија да ги поддржат уставните измени спротивно на одлуката на раководството. 

Извори оттаму велат за Фактор дека Мицкоски може да се соочи со дополнителни проблеми внатре во партијата особено што сега го нема Груевски, почесниот претседател кој во сенка беше негов голем грб и подджувач за политиките кои тој ги спроведува. Иако има и такви кои велат дека Груевски секако е во крилото со Сашо Мијалков, кој во последниот период е контра актуелниот претседател.

Сите се согласуваат дека авторитетот на Груевски кој сега во партијата го нема, може да доведе до конфузност внатре во партијата, особено што сега таборите кои не го поддржуваат Мицкоски ги става во позиција да создаваат поголем притисок да бараат избор на нов претседател на партијата. Ова осбено по низата критики од меѓународната заедница и сестринските европски  партии дека ВМРО ДПМНЕ мора да се врати на европските вредности. Мицковски можеби сега ќе биде на вистински тест пред своето членство за да потврди дали има целосна поддршка од неговите сопартијци да ја води партијата.

Клучното прашање, велат нашите извори е дали Груевски и пoкрај тоа што е во Унгарија ќе се обидува да делува од надвор.

Овој дел од приказната слабо се наѕираше кога беше самото гласање по кое Мицкоски ги исклучи од членството досегашните сопартијци и видни членови Сашо Мијалков, Никола Тодоров и Митко Јанчев. Тие секако, според познавачите не се тргнати на страна и најверојатно нема да седат мирно, па уште ќе имаат големо влијание во партијата, а можни се и нови фракции, нови партии.  

Ѓ.Т.


Фото: Вмро Дпмне

Слично

Поврзани вести