Бегството на Мијалков е кај Ристовска, исказ дала и Русковска
И обвинителката Вилма Русковска дала исказ за случајот поврзан со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, потврди самата во емисијата Стадион, на Канал 77. Таа рече дека поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристовска во моментов спроведува истрага за тој случај.
Обвинителката рече дека освен неа, искази дале и неколку истражители од обвинителството, кој според неа, го лишиле од слобода Мијалков.
„Jaс знам дека колешката Ленче Ристовска ја води истрагата за бегството на Сашо Мијалков и во четвртокот земаше исказ и од мене и од истражителите кои го лишија од слобода Сашо Мијалков. Така да за повеќе информации во врска со тоа ќе треба да се обратите кај нејзе“, порача Русковска.
Слично
