Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бега ли од судот на СЈО Горан Грујовски-првиот осомничен во случајот „Тврдина2“?

Бега ли од судот на СЈО Горан Грујовски-првиот осомничен во случајот „Тврдина2“?

За специјалното јавно обвинителство е симптоматично денешното отсуство на првиот осомничен во случајот со фалсификување и уништување на документацијата во Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујовски.

Со образложение дека поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање е на боледување две недели денеска беше одложено рочиштето чиј процес никако да почне.

Горан Грујовски, и уште шестмина вработени во УБК СЈО ги товари дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите. 

Според Специјалното јавно обвинителство, кое за овој случај подготви обвинение по скратена постапка, обвинетите се товарат за незаконско уништување на документација која била потребна во истрагата за откривање на начинот на кој Управата за безбедност и контраразузнавање вршела прислушување.

Слично

Поврзани вести