БЕГ: Не го исклучувајте парното, може да замрзне
Балкан енерџи груп, снабдувачот со топлинска енергија, упати апел до крајните корисници да не го исклучуваат парното поради опасност од замрзнување.
„Потршувачите на системот за централно греење во индивидуалните станбени објекти – куќи, деловни објекти и објекти за образование поради ниските темпратури да не го исклучуват греењето заради заштита на грејните инсталации од замрзнување“, се вели во апелот.
Ваквата препорака следи по најавите дека следува период на екстремно ниски температури.
За сите потребни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи.
Слично
