БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски
Блерим Беџети од ДУИ првпат слуша дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски.
Пратеникот на ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, тврди дека не располагал со информации, ниту поседувал снимки, според кои во претседателската сила на Водно минатата година во март се одржала средба меѓу претставници на тогашниот државен врв и на меѓународната заедница, на која се разговарало за враќање во земјава на поранешниот премиер Никола Груевски.
Претходно, „Фокус“ објави дека средбата се одржала лани во март, а на неа присуствувале Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Бојан Маричиќ, Артан Груби, Бујар Османи, Анџела Агелер и Дејвид Гир. Притоа, Ахмети посочил дека Груевски може да се врати на два начина – преку помилување од претседателот или преку судовите.
Во 2018 година, Груевски избега во Унгарија и доби политички азил.
фото Фејсбук
