Економија, финансии, бизнис

Контакт

Беџети: Ја прифаќам фрлената ракавица на Ќулавкова за создавање трета албанска академија

Беџети: Ја прифаќам фрлената ракавица на Ќулавкова за создавање трета албанска академија

Академик Абдулменаф Беџети во колумната за „Лајм“ порачува дека ја прифаќа „фрлената ракавица“ од академик Катица Ќулавкова за која посочува дека во интервју за ТВ Канал 5 изнела предлог за создавање трета албанска академија.

„Веќе докажавме дека не само што знаеме, но и подобро од нив правиме некои научни и образовни институции! Затоа ја прифаќаме ‘фрлената ракавица’. Колку за илустрација, на последниот конкурс, во Одделението за општествени науки што јас го предводам, од седум члена, со шест убедливи гласови ‘за’ го поминавме кандидатот проф. д-р Мируше Хоџа и на Собрание (на МАНУ, н.з.) – го соборија! Во нивните мисли, за што и да се случи, одговорни сме ние Албанците, кои заедно со Македонците, но и другите, ја направивме и ја развивавме државата, во некои аспекти и повеќе од тие самите“, вели тој. 

Ова, во колумна објавена на порталот на албански јазик „Лајм“, насловена „Македонски академски фрустрации!“, го пишува академик Абдулменав Беџети, реагирајќи на, како што вели, индивидуалните ставови на некои македонски академици, а ги посочува претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, и академик Катица Ќулавкова.

Слично

Поврзани вести