Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕЏЕТИ: Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата

БЕЏЕТИ: Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата

Во врска со бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби од Македонија, Блерим Беџети рече дека не знае детали, но го повика поранешниот сопартиец да се врати.

„Артан Груби веќе не е дел од ДУИ. Тој се повлече, пред партиските органи да донесат таква одлука“, рече денеска организацискиот секретар на интегративците и пратеник,  Беџети во гостување во ТВ21.

Беџити вели дека ДУИ ги почитува, ги прифаќа и има сериозен пристап кон одлуките на Стејт Департманот за црната листа.

„Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата, за да се соочи. Значи, станува збор за случајот со Државна лотарија, а не за црната листа на САД, тоа е нешто друго. Како секој граѓанин, и како носител на јавна функција, ако е чист како што кажува или пак прекршил закон, тоа треба  се констатира во органите. Се надевам дека поскоро ќе се соочи, тој, и многу други“, изјави Беџети.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати.

Министерството за внатрешни работи на сајтот на МВР во делот за потраги, ги објави фотографиите на поранешниот вицeпремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести