Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бедредин Ибраими по пресудата: Ќе и се смеам на Фатиме в лице

Бедредин Ибраими по пресудата: Ќе и се смеам на Фатиме в лице

Бедредин Ибраими прв се јави со реакција откако Основниот суд Скопје 1 го осуди на казна затвор од четири и пол години откако под влијание гласал како член на Државната изборна комисија за прегласување воп Струмица на локалните избори во 2013-та во предметот „Титаник 2“.

Веднаш по пресудата, обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, побара мерка притвор за поранешниот член на ДИК, а тоа не му се допадна на Ибраими.

Бедредин Ибрахими изјави дека нема намера да избега или да ја напушти земјата, бидејќи дури и ако сака, нема повеќе сила да замине.

"Тука сум роден, живеев и нема да бегам. Ќе бидам тука да се смеам во нејзиното лице. Јас нема да бегам. Повисоките судови ќе ја потврдат мојата невиност. Не може она што ќе и текне да прави, па сега и притвор да бара за мене“, рече налутено Ибраими.

Слично

Поврзани вести