Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бебе старо 2 дена е заразено со ковид

Бебе старо 2 дена е заразено со ковид

Бебе старо 2 дена е најмлад пациент заразен со коронавирус во Македонија. 

Директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова за Тв 21 вели дека ни најмалите не се поштедени од овој вирус, но сепак поминуваат најдобро.

„Најмалото ни е новороденче старо неколку дена и тие не се поштедени, меѓутоа поминуваат најдобро“, истакна Аспазија Софијанова.

Докторката посочи дека она што е поопасно од самиот вирус е пост-ковид фазата кај децата, односно дека не се знае кој орган може да биде погоден од вирусот и дали истиот ќе остави краткорочни или долгорочни последици.

На Клиниката за детски болести во Скопје се лекуваат околу 40-тина деца со нивните мајки.

Слично

Поврзани вести