Економија, финансии, бизнис

Контакт

БЕБЕ СТАРО 18 ДЕНА ЗАРАЗЕНО СО КОРОНА ВИРУСОТ: Со мајката е хоспитализирано во Ковид 2 – центарот „Козле“

БЕБЕ СТАРО 18 ДЕНА ЗАРАЗЕНО СО КОРОНА ВИРУСОТ: Со мајката е хоспитализирано во Ковид 2 – центарот „Козле“

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, како Ковид 2-центар во држвата, во моментов се хоспитализирани 5 позитивно дијагностицирани деца на корона вирусот и тоа најмалиот пациент е бебе старо само 18 дена, а највозрасниот е тинејџер од 18 години.

-Бебето е тука со неговата мајка која исто така е позитивна на вирусот. Тријажата, дијагностиката и третманот на децата заболени од Ковид-19 се одвива непречено и покрај сите отежнати услови и извесни проблеми. Она што е посебно важно и би сакал да го истакнам е дека нивната клиничка слика е стабилна и без компликации. Педијатрискиот тим прави задолжителна протокаларна обработка при што се воспоставува понатамошен режим и третман. Според лабораториските параметри, малите пациенти или и понатаму остануваат хоспитализирани или се пуштаат на домашно лекување со задолжителен карантин, изјави директорот д-р. Ангелчо Андоновски.

Тој потенцираше дека е посебно значајно и тоа дека нема рехоспитализација на еден ист млад пациент.

-Од досегашното искуство при работа со деца позитивни на Ковид-19, може да кажеме дека нема повторна хоспитлизација на еден ист пациент, што значи дека постхоспиталните компликации или се минорни или воопшто ги нема, вели д-р. Андоновски.

Истовремено директорот нагласи дека во Ковид 2-центарот „Козле“ се хоспитализирани и 25 возрасни пациенти, од кои 6 се на кислородна поддршка. 85-годишна пациентка е со тешка клиничка слика.

Од почетокот на епидемијата во Македонија има околу 500 деца на возраст од 0 до 10 години и од 10 до 19 кои се заразиле со вирусот, од кои 74 се инфицирани само последните седум дена во јуни.

А.Б.

Слично

Поврзани вести