Бебе почина во кичевската болница - Докторите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно
Полицијата соопшти дека вчера во кичевската болница било донесено бебе во тешка здравствена состојба кое и покрај напорите на лекарите, починало.
„Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација, починало“, соопшти МВР.
Медицинските лица констатирале смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
Слично
