Бебе е донесено починато во болницата во Велес
Во болницата во Велес вчера e донесено починато 9-месечно бебе. Од болницата ја известиле полицијата дека бебето од претходно било болно.
„Во СВР Велес, од Општа болница Велес вчера утро во 8.30 часот било пријавено дека на детското одделение било донесено починато 9-месечно бебе од село Сливник, Велешко. Бебето од претходно било со здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без траги на насилство“, информираа од велешката полиција.
По наредба на јавен обвинител телото на починатото бебе е дадено на обдукција.
Слично
