Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БАЗЕНОТ Е ГОТОВ ВЕЌЕ ГОДИНА И ПОЛ, СЕ ЌИТАТ СО ТУЃИ ПЕРЈА“: Јакимовски тврди дека базенот бил направен во негов мандат

„БАЗЕНОТ Е ГОТОВ ВЕЌЕ ГОДИНА И ПОЛ, СЕ ЌИТАТ СО ТУЃИ ПЕРЈА“: Јакимовски тврди дека базенот бил направен во негов мандат

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, тврди дека базенот што вчера беше отворен во Карпош, бил готов година и пол и дека е направен во негово време. Јакимовски вели дека власта намерно не го пуштала во употреба до сега за граѓаните да мислат дека тие го изградиле и обвини дека се китат со туѓи перја.
„Еве го премиерот се истопори да отвори детски базен во Карпош кај спортската сала Наум Наумовски - Борче или Партизан 4.

Добро е што овде отвара базен, оти се утепаа правејќи пресови кај неговите градоначлници и кога ќе сменат 3-4 врати од некое училиште или градинка.

Но, проблемот не е во тоа, туку во лицемерието и фолиранството. Се прашувате зошто. Затоа што овој базен е речиси години и половина готов, но не го пуштаа во употреба најпрвин поради мене додека јас бев градоначалник, а изминативе 7 месеци да се подзаборави и да се мисли еве тие за волку кратко време направиле базен.

Велам повеќе од година и половина е готов зошто одбиваа да се сретнат со изведувачот и да им го предаде во употреба за да барем сликањето во нивните глави има смисла.

Ако тоа го направеа минатата година, јасно ќе беше како ден дека тие не го направиле.

Значи се китат со туѓи перја.

А кога чавката се кити со туѓи перја не личи на сокол туку на був“, напиша тој. 


Слично

Поврзани вести