Баздникин: Протераниот руски дипломат од Македонија веќе е заменет
Завршена е замена на руски дипломат протеран од Македонија во врска со случајот Скрипал, изјави во интервју за ТАСС рускиот амбасадор во Скопје Сергеј Баздникин.
"Што се однесува до личната замена на прогонетиот дипломат, ова е нормална практика. Таквата замена веќе е направена", рече тој.
Амбасадорот истакна дека нема план за проширувањето на персоналот на Руската амбасада во Скопје.
"Нашиот тим добро се справува со задачите кои ни се доверени за спроведување на курсот за надворешна политика во постојниот, патем, многу мал состав", истакна Баздникин.
Во март минатата година,откако изби аферата со труењето во англискиот Солсбери на поранешниот полковник на ГРУ, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, Велика Британија ја обвини Русија за вмешаност во овој инцидент и објави одлука за протерување на 23 руски дипломати од земјата. Во знак на солидарност со Лондон, голем број други земји, вклучувајќи ја и Македонија, протераа по еден претставник нод руските амабасади.
Москва категорично ја отфрли вмешаноста во труењето на Скрипал и, како одговор, објави дека ќе следуваат соодветни мерки.
