Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барокот се сели и на „Бихачка“

Барокот се сели и на „Бихачка“

Продолжува ширењето на проектот „Скопје 2014“, а според последните натписи се планира изградба на барокна  деветкатница и на улицата  „Бихачка“, пишува Утрински весник.

Овде треба да бидат сместени Државниот завод за ревизија, Геолошкиот завод, а канцеларии ќе има и АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Објектот, кој е дозволено да достигне максимална висина од 29 метри ќе има неокласичен стил. Автор на идејно решение е Жарко Чаушевски кој е потписник и дел од тимот автори на неколку големи зданија од „Скопје 2014“. По негова замисла ќе се изведе стилската фасада на владината зграда, новиот административен објект на „Водовод и канализација“, а тој е автор е и на стилските сендвичарници.

 Од владината Служба за општи и заеднички работи очекуваат деветкатницата на „Бихачка“ да биде готова во 2015 година пишува Утрински весник.

Слично

Поврзани вести