Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барок фасадите поминаа во градскиот совет

Барок фасадите поминаа во градскиот совет
Со 26 гласа „за“ и 13 „против“ Советот на Град Скопје ја усвои предлог-одлуката за реновирање на 15 фасади во централното градско подрачје во барок стил. Против гласаа советниците од опозицијата, според кои, несфатливо е што градоначалникот Коце Трајановски кој претходно се прогласувал за ненадлежен за проектот Скопје 2014-та сега ги презема надлежностите да одлучува за фасадите во Центар. „Кои се индиректните закани ако некоја компанија не се согласи на вашето барање нивната зграда да се направи во барок? Вие живеете во Шведска или во Македонија? Смее некој да не ви потпише согласност да правите што сакате со неговата зграда? Кому тоа му го кажувате? Прашање е дали граѓаните поптишале за реконструкција на зграда, како едно општо прашање, или токму за барокна фасада“, рече Софија Куновска, советник од СДСМ. Според градоначалникот Трајановски проектот е во согласност со законот, а за фасадите биле прашани засегнатите граѓани. „Ги потценувате граѓаните дека не знаат што потпишуваат. Граѓаните не потпишуваат додека не го видат проектот“, рече Трајановски. Советот не го прифати предлогот на советникот Ѓорѓе Матевски од СДСМ да организира јавна расправа со асоцијации на архитекти за да се утврди дали овие фасади во центарот се од значење на градот. Како ќе изгледаат новите барок фасади во Центар повеќе на следниот линк: Ова е изгледот на новите планирани барок-фасади во Центар
Слично

Поврзани вести