Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барџиева-Трајковска: Асаф Адеми не ми одговори на телефонските повици

Барџиева-Трајковска: Асаф Адеми не ми одговори на телефонските повици

Донка Барџиева-Трајковска и Златко Теодосиевски, советниците на кои министерот за култура Асаф Адеми не им ги продолжи договорите за да продолжат да работат како реформатори во ресорот, во студиото на 1ТВ рекоа дека владиниот функционер кој доаѓа од редовите на Беса не им одговарал на телефонските повици за да им објасни зошто биле ивестени дека нивните ангажмани неочекувано се завршени.

И двајцата се уште не добиле одговор кои се причините поради кои повеќе нема да работат на веќе изготвените реформи и нивно спроведување.

„Би сакала да ви одговорам, но верувајтее и јас не го знам одговорот затоа што не добив од министерот никакво известување зошто нашите услуги не му се потребни. Добивме само еден формален допис, во кој се заблагодаруваат на досегашната наша работа. Јас се обидов да се јавам на министерот не ми одговараше. Се обидов да стапам во контакт со шефот на кабинетот, два пати не ми креваше слушалка, потоа се јавив од друг телефон, но не добив никакво дополнително објаснуавње“, рече Барџиева-Трајковска.

Теодосиевски се надоврза дека не се јавил откако дознал од Барџиева - Трајковска дека Адеми не крева телефон.


Слично

Поврзани вести