Барбов: Изненадени сме од големиот број на пост-ковид компликации на Неврологија
Директорот на Клиниката за неврологија, Проф. Д-р Иван Барбов, е изненаден од големиот број на пациенти со пост-ковид невролошки компликации. Вели дека најчесто станува збор за автоимуни состојби.
Како што информира Барбов во вестите на Канал 5, има пациенти со последници кои се манифестирале дури една година по прележувањето на коронавирусот.
- Ние сме изненадени . Имаме доста пациенти кои ги хоспитализираме кои се со компликации од прележан ковид. Некои од тие компликации се случуваат брзо, да речеме, две до три недели по прележување на болеста, но кај некои по една година се јавуваат невролошки компликации. Најчестите компликации се автоимуните болести. Знаете, автоимуната болест значи дека се создаваат антитела кои ги напаѓаат сопствените клетки. Тие антитела ги напаѓаат на пример, нервните завршетоци, или клетките во мозокот, вели првиот човек на Клиника за неврологија.
Ккао што објаснува тој, ова се случува поради тоа што вирусите можат да го изменат површинскиот дел на клетките или другите структури во организмот, па затоа имунолошкиот систем ги напаѓа не знаејќи дека создава антитела против дел од себе,
