„БАРБИ МЕСТО ДА ИЗИГРАВА ИНСПЕКТОР КЛУЗО, МОЖЕШЕ СО ТППЕ ДА ТРКНАТ ДО АРАЧИНОВО, ИЛИ САРАЈ И АРАЧИНОВО НЕ СЕ ТАРГЕТ,А?“ Михаилов за утринското загадување во Скопје
Заменик генералниот директорот на Национални шуми, Кире Михаилов, утринава објави дека Скопје е загадено и ја запраша градоначалничката Данела Арсовска, зошто не ја провери депонијата во Арачиново, од каде вели дека нешто гори.
„Скопје утрово обвиено во бел чад и непријатна миризба, а загадено е како да сме триесет и први декември, а не втори јуни!
"Барби" место да изиграва инспектор Клузо, можеше со ТППЕ Скопје да тркнат до Арачиново и да ја ѕирнат депонијата или што и да гори од вчера напладне и од каде се издига бел чад кој до утрово го обви цело Скопје!
Или Сарај и Арачиново не се таргет, а?!?“, напиша тој на социјалните мрежи.
Слично
