Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барањето за повлекување на потписите од 17 пратеници стигна кај Џафери

Барањето за повлекување на потписите од 17 пратеници стигна кај Џафери

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев и уште 16 пратеници ги повлекоа потписите од иницијативата за недоверба на Владата. 

Тие попладнево до претседателот на Собранието, Талат Џафери го доставиле известување за повлекување на потписите, соопштија од Собранието.

„Информираме дека до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Северна Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници“, се вели во соопштението. 


Петходно, пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи побара повлекување на потписите на пратениците од Левица како услов неговиот потпис да остане на списокот. ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ се и пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица. Утре треба да се гласа за недоверба на Владата. 

Слично

Поврзани вести