БАРАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ НА ПРЕСУДАТА ЗА „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“ Е ОДБИЕНА: Врховниот суд пресече
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република
Северна Македонија на денешната седницата
одлучуваше по поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
по предметот КВП-КОК2-бр.16/23 познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.
-Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе Пресуда со која барањето на осудениот Н.Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.63/21 од 21.04.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.127/22 од 14.02.2023 година, го одби како неосновано.
Екс премиерот, Никола Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.
