Економија, финансии, бизнис

Контакт

Барање за правда и чист воздух: Жителите на Ново Лисиче се кренаа против Вардариште

Барање за правда и чист воздух: Жителите на Ново Лисиче се кренаа против Вардариште

Жителите на Ново Лисиче и околните населби денеска го блокираа мостот „Близнаци“ во знак на протест поради долгогодишниот проблем со депонијата Вардариште, која го загадува воздухот и го загрозува здравјето на локалното население.

Иако во моментов огнот на депонијата е изгаснат и обезбеден е 24-часовен надзор, граѓаните нагласуваат дека тоа е само привремено решение. Тие бараат трајна санација и модерно управување со отпадот, што, според нив, е единствениот начин да се стави крај на деценискиот проблем.

„Не сакаме само привремено гаснење на огнот. Бараме Вардариште конечно да престане да биде закана по здравјето и животот на луѓето“, велат демонстрантите.

Тие дополнуваат дека вакви блокади ќе продолжат секој ден сè додека надлежните институции не предложат конкретни чекори и рокови за целосно затворање и трајно решавање на депонијата.

Фото: Фејсбук/ СТОП за смрдеата во АЕРОДРОМ и ЛИСИЧЕ - " ВОЗДУХ СЕГА! "

Слично

Поврзани вести