Барањата за притвор на пратениците доставени до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања
Спикерот Талат Џафери ги достави до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, барањата за одобрување на притвор на пратениците инволвирани во настаните во Собранието на 27 април 2017 година.
Станува збор за пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска.
Откако известувањето ќе пристигне до Комисијата, таа е должна да го разгледа и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот на Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по барањето. За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство. По известувањето за притворање пратеник, кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник.
Седницата ќе се одржи утре во 12 часот.
