Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРАМЕ ПОМОШ ОД ЕУ И ВО ПАРИ И ВО МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА - дали ќе ја добиеме

БАРАМЕ ПОМОШ ОД ЕУ И ВО ПАРИ И ВО МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА - дали ќе ја добиеме

Земјава бара помош од Европа за борба против коронавирусот. Се бара пренамена на ИПА фондовите, а 50 милиони евра што годинава биле доделени како награда за реформските процеси, заедно со 8 милиони евра од минатата година, да се искористат за борба со оваа криза.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров испратил писмо до Оливер Вархеи, еврокомесар за проширување, а вчера во вечерните часови со него размениле и пораки, како и со Кристијан Даниелсон од Директоратот за проширување на ЕУ, а Владата разговарала и со многу други земји ЕУ-членки. 

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вчера имал средба со Самуел Жбогар, евроамбасадор, на која се барало пренасочување од ИПА фондовите за да можеме да ги користиме како средства за борба против коронавирусот. 

„Ние за годинава добивме 50 милиони евра награда за реформските постигнувања, има 8 милиони евра од лани, и правиме нашори овие пари да можеме да ги користиме за оваа кризна ситуација. Истовремено праќаме спецификации на медицнска опрема и материјал што ни се неопходни до сите пријатели, како и до ЕУ земји членки и НАТО сојузници“, рече Димитров.

Ќе има помош за целиот регион. Сме во постојана комуникација со пријателите, објасни министерот.

Слично

Поврзани вести