Бараме да не му издавате нови документи и ново државјанство на Делчев, вели Џамбаски
Бараме да не му издавате нови документи и ново државјанство на Гоце Делчев, вели Ангел Џамбаски, заменик претседател на парламентарната партија ВМРО БНД.
Додава дека никому не би му паднало на памет дека Македонија воопшто може да има такви претензии какви што спомнал македонскиот премиер Зоран Заев.
Заев продолжува да се преправа дека е „сиромашен и несреќен“, наведува Џамбаски.
„Престанете да се преправате дека не знаете дека Гоце Делчев недвосмислено и неспорно се прогласил за Бугарин“, пишува Џамбаски на Фејсбук.
Вели дека реториката на македонските политичари за револуционерот е инспирирана од политиката на Југославија.
Заев претходно најави дека земјава е подготвена да потпише амандман на постојниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, со кој ќе се нагласи дека нема територијални претензии кон Бугарија.
Можно е Бугарија да ги блокира преговорите на Македонија со Европската Унија.
