БАРАЛЕ ДОНАЦИИ ЗА РУТИНСКА ОПЕРАЦИЈА НА КРАЈНИЦИ, ЗОШТО САКАЛЕ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА: „Арам да ви е“, вели д-р Лазаров
Изминатиот период на социјалните мрежи има голем број барања за донации за помош на заболени лица.
Сепак, докторот Ненад Лазаров, на својот фејсбук профил објави дека имало случаи каде се барало донација за операција на крајници во приватни болници.
„Не може да бараш пари донации за рутинска интервенција крајници вадење на дете, интервенција што се работи на клиника секој ден, зошто сакаш во приватна болница!
Не може и не е во ред.
А криминал е тоа што повикот за ова ти гласи :
Помагајте итна операција за дете.
Арам да ви е.“, напиша докторот.
Слично
