Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРАЈТЕ СЕНКИ - ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ НАЈТОПЛО ДОСЕГА: синоптичарите најавуваат високи 38 степени, еве што не очекува од утре

БАРАЈТЕ СЕНКИ - ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ НАЈТОПЛО ДОСЕГА: синоптичарите најавуваат високи 38 степени, еве што не очекува од утре

Денеска се очекуваат високи температури, кои според синоптичарите ќе ги надминат досегашнтие граници на измерени температури. 

Како што пренесува „Метеоаларм“, денес (недела 8 јуни) топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. 

Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.

Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вреднот и ќе изнесува коефициент 8.

Денешниот ден ќе биде  и најтоплиот ден досега оваа 2025 година - се посочува во објавата. 

Слична најава пристигна и Управата за хидрометеоролошки работи од каде информираат дека од утре се очекува благ пад на температурите. 

- Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 30 до 38 степени - се наведува во објавата на УХМР. 

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени .

- Од понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи - информира Управата за хидрометеоролошки работи. 

Слично

Поврзани вести